20 милиони денари од Владата за ски центар на Царев Врв

09.06.2021 - 12:38

Со ребаланс на Буџетот за 2021 година, Владата издвои 20 милиони денари за креирање на мастер план за ски центарот на Царев Врв, објави вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресури, Љупчо Николовски.

20 милиони денари од Владата за ски центар на Царев Врв

„Изработката на мастер планот за ски центарот вклучува: скенирање на теренот, урбанистички подлоги, дефинирање на траси, пристапи од градови, комунална и патна инфраструктура, истражување на модели за управување, како и анализа на лоцирање на туристичка населба“, посочува Николовски.

Тој потенцира дека развојот на Осоговскиот регион веќе станува реалност, се промовира туризмот и спортот, а со тоа се гради цврста основа за економски напредок и подобар живот на граѓаните.

(Ж.Ц)


2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk