×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 27-годишно лице од Крива Паланка и двe лица од Куманово, меѓу шестемина починати од ковид-19

    12.10.2021 17:46 | Сузана Николиќ

    27-годишно лице од Крива Паланка е меѓу шестемина починати од компликации на ковид-19 во изминативе 24 часа. Починати се и две лица од Куманово (63г и 68г) и по едно од Скопје (77г), Тетово (85г) и Струмица (80г). Од пријавените, сите се починати во болнички услови.

    27-годишно лице од Крива Паланка и двe лица од Куманово, меѓу шестемина починати од ковид-19

    Регистрирани се нови 130 случаи на ковид-19 од направени 1.843 тестирања и тоа во: Скопје – 88, Кавдарци – 10, Велес – 7, Прилеп – 6, Охрид и Крива Паланка – по 4, Куманово и Битола – по 3, Гостивар и Кичево – по 2, Демир Хисар – 1.

    Регистрирани сe 423 оздравени пациенти од: Скопје – 246, Куманово – 65, Струмица – 18, Штип – 11, Прилеп и Охрид – по 9, Тетово – 7, Кавадарци и Кратово – по 6, Велес, Крива Паланка, Кочани и Валандово – по 5, Битола, Струга и Гевгелија – по 4, Свети Николе и Пробиштип – по 3, Виница – 2, Гостивар, Неготино, Ресен, Делчево, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.326.737 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.132, бројката на оздравени пациенти е 181.619, на починати е 6.855, а бројот на активни случаи изнесува 6.658.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

    Скопје 85134, Активни 3391
    Куманово 11714, Активни 548
    Тетово 10880, Активни 179
    Прилеп 9156, Активни 189.