×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 27 милиона евра тежи буџетот на Општината за 2014

    26.12.2013 14:48 | KumanovoNews

    За буџетот гласаа советниците од власта, додека опозицијата беше против донесување на предложениот буџет

    27 милиона евра тежи буџетот на Општината за 2014

    Советот денеска го усвои буџетот на Општината Куманово за 2014 година, кој изнесува вкупно 1,68 милијарди денари или 27 милиони евра.

    Во основниот буџет предвидени се 780 милиони денари општински сретства, 800 милиони денари дотации од државата, 70 милиони денари од сопствени приходи на општината и 700 иљади денари се донации.

    Главното тежиште на приходната страна се даночните приходи, комуналните такси, надоместокот за уредување на градежно земјиште и надоместот за легализација. Тука спаѓаат и административните такси и продажба на државно земјиште.  Во расходниот дел се тековните трошоци на локалната самоуправа и капиталните инвестици од развојната програма за кои се планирани 310 милиони денари или 50 одсто од вкупниот општински буџет. Предвидена е изградба на улици, водоводна и канализациона мрежа, реконструкција на улици, јавно осветлување, доизградба на затворениот базен, изградба и реконструкција на основни и средни училишта, изградба на детска градинка и други проекти-изјави Ирена Илиевска, раководител во Секторот финасии.   

    Буџетот беше изгласан со 17 гласа од советниците на коалицијата на СДСМ, опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше против со 12 гласа, а 4 советника беа воздржани.

    Додека градоначалникот и неговите сопартијци сметаат дека буџетот е развоен, опозицијата го нарече список на желби.

    Буџетот за 2014 година претставува одраз на желби на градоначалникот и локалната администрација која учествуваше во неговото изготвување. Сите предходни буџети кои беа донесени беа реализирани со многу мал процент. Сметаме дека буџетот многу тешко ќе се реализира и дека ќе има еден или два ребаланса- изјави советникот Мирослав Стојановски.