×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 46 загинати во македонски автобус кој се превртел во Бугарија

    23.11.2021 06:37 | Сузана Николиќ

    Четириесет и шест лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во која се запали македонски автобус на автопатот Струма, од Софија за Благоевград.

    46 загинати во македонски автобус кој се превртел во Бугарија

    Според првичните информации, загинале најмалку 46 патници во автобус од Северна Македонија кој сообраќал кон Скопје од Истанбул. Автобусот се запалил и се превртел, соопшти бугарското Министерство за внатрешни работи.

    Во автобусот патувале 52 лица. Меѓу загинатите има 12 малолетници, меѓу кои и двајца близнаци. Во несреќата загинал и возачот. Преживеале 7 лица - 2 жени и 5 мажи, кои биле сместени во „Пирогов“, сите со изгореници на лицето и горните дишни патишта.  

    Автобусот синоќа нешто по 21 часот влегол во Бугарија преку граничниот премин Капитан Андреево. Околу 2.00 часот се случила сообраќајна незгода на автопатот во правец Софија - Благоевград.

    Автобусот бил еден од десет, кои се враќале со патници од тридневна екскурзија во Истанбул.

    (Фото:Фејсбук)