×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 67 години слободно Куманово

    11.11.2011 07:13 | KumanovoNews

     Куманово денеска го слави Денот на градот. На 11 ноември 1944 година Куманово е ослободено од фашистичката војска и балистите.

    67 години слободно Куманово

    Жестоки борби се воделе од 1 до 11 ноември, а во  акциите за ослободување на Куманово учествувале две бригади од составот на Кумановската дивизија и батаљон на народоната одбрана. Особено тешки борби се воделе на северниот дел на градот и на приодите на Куманово. На 11 Ноември градот бил конечно ослободен, а народот ја прославил победата наредниот дена со голем митинг на Градскиот плоштад. Во четиригодишната крвава борба против моќниот фашистички непријател, учествувале над 2000 борци од кумановскиот регион, од кои 455 загинале по разни боишта низ целата земја. Куманово, градот првоборец даде и осум народни херои: Киро Фетак, Перо Чичо, Боро Менков, Бајрам Шабани, Боро Петрушевски Папучар, Христијан Тодоровски Карпош, Мара Нацева и Трајко Стојковски -Бузо.

    По ослободувањето, Куманово забрзано ја испишува историјата на својот растеш.  Градот се развива во модерен и значен стопански, културен и спортски центар на Балканот. Интензивно се гради и модернизира патната и железничката инфраструктура, и градот станува центар на металната, кожарската, текстилната и дрвната индустрија. И од осамостојувањето на државата, Куманово го оди својот пат за создавање на модерен град. По опоравувањето од несреќниот процес на транзиција, градот повторно застанува на нозе. Се градат нови објекти, сообраќајници и спортски терени кои му даваат сосема нов лик, а се создаваат и подобри услови за современиот начин на живеење. Во Куманово живејат над 100 иљади жители од македонска, српска, албанска, ромска, турска и други националности, кои меѓу другото ги спојува и големата љубовта кон својот град.

    Позитивниот дух на кумановци и мајтапот на Батко Ѓорѓија е единствен и препознатлив насекаде. Затоа сите треба да сме горди на својот град.

    Празникот денеска ќе се обележи со посета на Спомен костурницата на паднатите борци од НОБ, а ќе се одржи и Свечена академија каде ќе бидат доделени Ноемвриските награди.