Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во полуфиналето од натпреварувањето „Јас имам талент„ што го организира основното училиште „Крсте Мисирков„, 70 ученици влегоа во финале, а 45 испаднаа од понатамошното натпреварување.
Целта на ова натпреварување е учениците да се ослободат од стравот од јавен настап. За победниците се предвидени пригодни награди - изјави Стојанка Дудучки, професорка по македонски јазик во ОУ „Крсте Мисирков„.
Финалето на натпреварувањето ќе биде наредната недела во Центарот за култура.
Изведбите на учесниците во пеење, играње, свирење, глумење ги оценува стручно жири составено од професори по музика, уметност и македонски јазик.
Организатор на натпреварувањето е ОУ „Крсте Мисирков„ и здружението на граѓани „Врамаси„, а учествуваат ученици од сите основни училишта во градот.