70 луѓе ќе се обучуваат за самовработување
22.03.2014 10:33
| KumanovoNews
Во просториите на Центар за вработување Куманово, 69 луѓе ќе следат обука за “Претприемништво и бизнис планирање„.

Лицата поделени во три групи обуките ќе ги следат во период од 7 до 25 април. Се работи за луѓе кои се веќе на позитивната листа за самовработување и неопходно е да ги поминат овие обуки.
Во наредниот период вакви обуки ќе се спроведат во триесетина центри за вработување во државата.