×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 80 години од 11 Октомври - Денот на народното востание

    11.10.2021 09:46 | Сузана Николиќ

    Осумдесет години од денот кога беше означен почетокот на Народно-ослободителната војна и заокружувањето на раѓањето на македонската држава се одбележува денеска во земјава. 

    80 години од 11 Октомври - Денот на народното востание

    Куманово, градот првоборец, денеска го чествува државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание.

    Организираното востание против окупаторот за ослободување на земјата почнало со нападот на борците од Првиот прилепски партизански одред врз бугарскиот полициски участок и врз телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп на 11 октомври 1941 година, а се огласиле и партизаните од Кумановскиот одред.

    Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција, Македонија застанала на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја.

    Македонскиот народ самостојно се изборил за својата слобода. Од првите партизански одреди кои ја почнале борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прераснала во добро организирана 110-илјадна армија со воени формации од највиок ранг, како корпуси и дивизии.

    За време на окупацијата од Македонија биле интернирани 58.000 лица, а покрај злосторствата што окупаторите ги вршеле врз цивилното население, земјата претрпела и огромни економски штети. Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.

    Делегации на локалната власт, државниот врв, општествено-политичките организации, Армијата, борците, денеска во 11 часот ќе положат цвеќе на Спомен костурницата на паднатите борци во НОБ во Куманово.