×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 9.7 милиони денари ќе чини реконструкцијата на Центарот за вработување во Куманово, кажа Димитриевска

    11.12.2020 15:22 | KumanovoNews

    Куманово ќе добие реновиран Центар за вработување во кој невработените лица и работодавачите ќе можат да ги добијат потребните услуги на побрз и поедноставен начин согласно заложбата на Владата и раководството на Агенција за вработувањe за создавање на ефективна и ефикасна јавна администрација, рече на денешната прес-конференција, Марија Димитриевска, раководителот на Центарот за вработување во Куманово.

    9.7 милиони денари ќе чини реконструкцијата на Центарот за вработување во Куманово, кажа Димитриевска

    Реконструкцијата на Центарот е прва реконструкција финансиски поддржана од ИПА фондовите преку програмата ЕУ за млади,  и за таа намена се предвидени 9.707.442 денари.

    „Зградата на Центарот за вработување која е направена пред шест децении ќе добие нова фасада, ќе биде променета кровната конструкција, ќе се заменат дотрајаните прозорци со нови со што ќе се зголеми енергетската ефикасност на целиот објект. Ќе се реновира и внатрешноста на објектот со замена на стари со нови подови, врати, ќе има нови санитарни јазли, обновена водоводна и канализациона мрежа, нов начин на затоплување“, - кажа Димитриевска.

    За време на изведување на работите, Центарот за вработување ќе функционира непречено, а невработените лица и работодавачите ќе можат да ги добијат потребните услуги.