×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Адвокат ќе го брани дедо Љубе бесплатно

    27.02.2015 17:30 | KumanovoNews

    Љубомир Митев (75) од кратовското село Којково, кој во кумановскиот суд одговара за три кривични дела најверојатно ќе добие бесплатен правен застапник.

    Адвокат ќе го брани дедо Љубе бесплатно

    Адвокатската канцеларија Георгиевски од Куманово му понуди на дедо Љубе да го брани во судскиот процес без надомест.

    „Ние сметаме дека дедо Љубе заслужува да има бесплатна правна помош и најдобра одбрана што може да ја пружи еден адвокат. Ова е предмет, кој е во заштита на граѓаните и никој не смее да си дозволи да посегне по светоста на домот и по семејните вредности за каков било интерес, кој не може да биде повреден од човечкиот живот. Затоа одлучивме да понудиме одбрана. Неговото семејство со одобрување ја прими понудата и сега чекаме конечно да ни потврдат за да ги преземеме сите дејства во негова корист“, вели адвокатот Христијан Георгиевски.

    Георгиевски додава дека законот е концизен, прецизен и дециден и дозволува во исклучителни случаи да се исклучи одговорноста на лице, кога се работи за лична заштита.

    Судењето на старецот започна во средата, но беше одложено и поради тоа што дедо Љубе немаше одбрана. Тој пристигна во кумановскиот суд, откако пешачел час и половина од планинското село до асфалтот, а потоа уште два часа патувал со автомобил до Куманово. Митев ќе одговара за три кривични дела убиство во миг, убиство во обид и недозволено држење на оружје затоа што на 27 февруари 2013 години го убил Зоран Златков (28) од селото Пантелеј, а го ранил Борчо Иванов (30) од село Поплаки, кои неколку часа ѕверски ги измачувале со неговата неподвижна бабичка за да им кажат каде се парите. Во еден момент старецот се одврзал и ја земал ловната пушка од подрумот, по што пукал во разбојниците и така се спасиле од сигурна смрт.

    По објавувањето на информацијата дека на дедо Љубе ќе му се суди, кумановци се дигнаа на нозе и застанаа во негова одбрана. Тие на социјалните мрежи го искажаа своето негодување кон судот и се подготвени со петиција да го бранат старецот.(Вест)