Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во селото Долно Којнаре, африканска чума е регистрирана и лабораториски потврдена во едно одгледувалиште со 26 животни, каде се угинати две животни.
„Има позитивен случај во Долно Којнаре во едно одлгедувалиште, угинати се две животни. Извршено е уништување на останатите 24 животни. Донесено е решение за дефинирање на зоната за забрана за движење за свињи, а на три километри од жариштето ќе се врши уништување сите животни“, соопштуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
На депонијата во селото Никуштак пронајдено е позитивно угинато животно, поради што се вршат испитувања на добитокот во селата Умин Дол, Љубодраг и Ново село, и во зависност од резултатите ќе бидат преземени мерки.
Африканска чума кај свињите е вирусно заболување кај домашните и дивите свињи кај сите старосни категории. Вирусот се излачува преку крв, ткива, секрети и екскрети од болни или угинати животни. Болеста се пренесува и шири со: директен контакт помеѓу здраво и болно животно, трупови од угинати животни и луѓе; индиректно се пренесува преку заразена храна и отпадоци од храна, опрема, возила и облека.
Болеста се манифестира со: треска (40.5-42˚Ц), општа слабост, анорексија, летаргија, губење на апетит, црвенило по кожата;
исцедок од носот и очите кој може да биде и крвав; сино-виолетово обојување и крварења по кожата во вид на кругови или поголеми површини во пределот на ушите, стомакот и нозете; отежнато движење и оток на зглобовите; повраќање...
Одгледувачите веднаш да пријават до ветеринарните друштва и официјалните ветеринари доколку забележат појава на симптоми кај животните. Луѓето не се приемчиви на вирусот и болеста.
Ако земете во јануари болеста за прв пат се појави во Делчево, потоа во јуни почна полека да се шири на запад, и ги зафати Виница, Кочани, Облешево, сега е дојдено веќе во Куманово.
(Фото: ТВ Плус)