×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Aфриканска чума откриена кај животно фрлено на депонија, се проверува неговото потекло

    04.10.2022 10:51 | Сузана Николиќ

     Откриена е африканска чума кај животно кое било фрлено на дивата депонија во село Никуштак . Поради тоа Агенцијата за храна и ветеринарство и другите надлежни институции преземаат мерки за да се открие потеклото на животното и да спречи ширењето на болеста. 

    Aфриканска чума откриена кај животно фрлено на депонија, се проверува неговото потекло

    „Ги информираме граѓаните дека на територија на Општина Куманово има појава на свинска болест која не е штетна за човекот и други животни, кои пак се потенцијални преносители“, се вели во објавата на Општинскиот штаб за заштита и спасување, кој во проширен состав вчера одржа состанок поради појавата на свинската болест.

    Членови на штабот кажуваат дека почината свиња  била исфрлена од автомобил на дивата депонија во село Никуштак, поради што се преземаат мерки за да се открие нејзиното потекло.

    Врз основа на тоа, Агенцијата за храна и ветеринарство донела Решение за контролни и заштитни мерки во однос на болеста афричка чума кај свињите, со кое за селата Умин Дол, Ново Село и Љубодраг во Општина Куманово, се однесуваат следниве мерки:  забрана за движење и промет на свињи од наведените населени места, ќе се направи вонреден попис на сите одгледувалишта на свињи и идентификација на сите свињи на одгледувалиштата во рок од седум дена. 

    Ветеринарните друштва ќе извршат и клинички преглед во одгледувалиштата со земање на примероци (полна крв) за вирусолошко испитување од свињите во секое одгледувалиште, воведена е забрана за колење на свињите во домашни услови сè до добивање на негативен резултат. Животните кои покажуваат клинички знаци ќе се убијат и нештетно ќе се отстранат и од нив ќе бидат земени (органи) за лабораториско испитување. 

    Од Агенцијата за храна и ветеринарство ги информираат граѓаните дека сите одгледувачи на свињи, кои ќе соработуваат со надлежните институции, доколку се јави потреба да им бидат одземени или уништени, ќе им биде исплатен паричен надоместок согласно Упатството за определување на пазарната вредност на животните, кои се одземаат заради сузбивање и искоренување на заразни болести на територија на Македонија.