×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ајварката 40 денари, доматите како за Нова Година - 100 денари за килограм  

    20.09.2023 09:44 | Оливера Пешевска

    Околу 150 денари би чинела тегла ајвар од домашната кујна, според пресметките на моменталните цени на производите за зимница во малопродажба.

    Ајварката 40 денари, доматите како за Нова Година - 100 денари за килограм  

    Во цената не се вкалкулирани енергенсите кои се искористат во процесот, а математиката е направена за црвени пиперки кои деновиве на зелениот пазар се продаваат по цена од 40 денари за поголема количина или 50 денари доколку купувате на килограм. Секако, предвид се земени и цените на маслото за јадење и цената на модриот патлиџан, кој на спакуван џак се продава за 200 денари, а цената на парче е 50 денари за килограм.

    Инаку, во маркетите индустрискиот ајвар за тегла се продава за цени од 105 денари до повеќе од 300 денари за тегла. Македонски производител и благиот и лутиот ајвар ги продава по иста цена од 198 денари. Некои од домаќинките преферираат од кој производител ќе се снабдат со неопходната количина, но се уште во најголема мерка важи онаа – „ниеден не е како домашниот“, па добар дел од нив се одлучуваат сами да си направат домашен ајвар.
      
    И додека цената на ајварката во Куманово се движи во рамки на минатогодишната, вистинско изненадување е цената на доматите кои се продаваат како да е Нова Година , а не сезона на еден од основните намирници за зимница. Така, на пример, производител од селото Речица убави, крупни домати од сортата јаболчар ги продава за 100 денари од килограм, а многу поситните се по цена од 50 денари. Во некои од маркетите ,пак, цената е 139 денари за килограм. Објаснувањето е дека се помалку ги има во бавчите и на пазарите, им поминува сезоната, па и цената е повисока.

    Продавачите на пиперки и домати на Градскиот пазар во Куманово и не беа расположени за разговор, но оние кои не продаваат сезонски производи беа покомуникативни.
        
     „Пиперката-капија и не е многу скапа, лани беше некаде 36 денари, годинава е 40. Ама другите цени се изгор, доматите може да ги заборавиме-за 100 денари се чувствувам како Финец, а не Македонец кога ги купувам. Ако се земе предвид дека килограм кромид е едно евро, а истата цена е и во Грција каде платите се многу повисоки,  што останува за другите производи“, вели долгогодишен продавач на текстилни производи, но добар познавач на условите на зелениот пазар.

    Скапи се и везените пиперки кои се продаваат по 100 денари за килограм, а цената на веќе нанижаните низи изнесува од 700 денари за благите и 800 денари за лутиот пипер. Низа кумановската „ифрит“ лута пиперка, пак, се продава за 300 денари.  Домашниот лук чини од 200-250 денари, кромидот од 50-60 денари, а грозјето е со прилично прифатлива цена од 60 денари за килограм.