Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Урбаната месна заедница „Панче Пешев“ во соработка со ЈП „Чистота и зеленило“ утре /сабота/ ќе организира еколошка акција за чистење на зелените површини на потегот од „Жмара“ до поранешен „Мај маркет“ на булеварот "Октомвриска револуција" во Куманово.
Акцијата е закажана во 07.30 часот, а планирано е да се приклучат и станарите од околните згради.
„Ги повикуваме сите наши соседи кои се во можност да излезат и да дадат придонес во акцијата, да бидеме пример на младите како треба да се грижиме за животната средина и да ја чуваме природата. Само со заеднички сили ќе создадеме услови нашите деца да растат и да се играат во уредени и чисти паркови во нашето маало“, порачуваат од месната заедница.
Парковите на булеварот "Октомвриска револуција" не се во програмата за одржување на ЈП „Чистота и зеленило“, поради што се целосно запуштени и не може да се помине од бујната вегетација.
Минатата година на овој потег станарите видоа неколку змии.