Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Членови на СДСМ и екипи од ЈП “Чистота и зеленило“ утре во 12 часот ќе спроведат акција за чистење на месната заедница “Благоја С. Гојчо“, во близина на спортската сала.
Со оваа еколошка акција целта на организаторите е да ја разбудат еколошката свест кај граѓаните, посебно кај помладата популација.
Вработените на јавното претпријатие ќе чистат и ќе го собираат сметот. Ќе се собира суво лисје, ќе се косат тревни површини, ќе се кастрат стари дрвја и ќе се засадува есенско цвеќе. Ние сме огледало на средината во која живееме. Со грижа за природата, се грижиме и за нас - изјави Сашо Тодоровски, портпарол на СДСМ Куманово.
Од СДСМ го повикаа сите заинтересирани граѓани да се вклучат во акцијата.