×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Акција за собирање на кабаст отпад во Куманово

    01.06.2021 11:10 | KumanovoNews

    ЈП „Чистота и зеленило“ во соработка со Општина Куманово, наредните две саботи ќе организира акции за собирање на кабаст отпад.

    Акција за собирање на кабаст отпад во Куманово

    Граѓаните ќе можат да ги одложат непотребните работи од домаќинството на три локации во Куманово и тоа: на паркингот пред Градскиот затворен базен, пред поранешната фабрика „ЧИК“ и на паркингот кај „Kошеви”  во населбата Гоце Делчев.

    „Граѓаните можат да го депонираат кабестиот отпад исклучиво од 7:00 до 11:00 часот на посочените пунктови во сабота на 05.06.2021 и на 12.06.2021. Акцијата не предвидува собирање на градежен шут и отпад“, соопштува Општина Куманово.

    Ваквите ациии треба да се организираат почесто во градот, поради тоа што сведоци сме дека несовесни граѓани го исфрлаат својот стар мебел во непосредна близина на контејнерите или, пак, во реките и  на слободните зелени површини што го нашле.

    Првата акција во сабота се организира по повод 5 јуни - Светскиот ден за заштита на животна средина.

    (С.Н.)