Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Александар Арсиќ, дипломиран правник и магистар по правни науки е назначен за нов претседател на општинската организација на СДСМ Куманово, откако Александар Тушевски си поднесе оставка на фукнкцијата.
Арсиќ ја добил довербата од највисокото партиско раководство во саботата и во наредниот период ќе треба да состави извршен и надзорен одбор, со кој ќе бара поддршка од делегатите на конференцијата во Куманово.
Арсиќ досега извршувал повеќе партиски функции, беше претседател и советник во Советот на Општина Куманово, член на ИО, а сега е член на ЦО на СДСМ и вработен во Нома - гас Скопје.
Неговиот предходник Александар Тушевски беше избран за претседател во април минатата година, но по само по 9 месеци си поднесе оставка од лични и професионални причини, по што се отпочна постапка за избор на нов претседател.
2008 - 2023 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk