Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Александар Јовановиќ, дипломиран професор по физичко воспитување, е нов раководител на Секторот на образование во Општина Куманово.
Јовановиќ е избран во редовна постапка по распишан конкурс.
„Ова е голем предизвик за мене и очекувам успешна соработка со директорите и професорите, се со цел да создадеме подобри услови за работа на учениците и вработените во сите основни и средни училишта во општината“, изјави Јовановиќ за Кумановоњуз.
Јовановиќ досега беше директор на Основното училиште „Крсте Мисирков“, а предходно работеше како професор по физичко воспитување во гимназијата „Гоце Делчев“, а десет години е тренер во ракометниот клуб Куманово.
Тој доаѓа на местото на в.д. раководителката Дивна Тодоровска Величковиќ.
(С.Н.)