Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Afla Romeo Club Macedonia во недела ќе одржи смотра на автомобили во Меморијалниот центар Пелинце.
Ова е прв ваков собир, кој се одржува под наслов “Alfa Fest”, а ќе биде журка на сопствениците и љубителите на Alfa Romeo возилата.
Манифестацијата ќе започне во 11 часот, а ќе трае до вечерните часови. За забавата ќе бидат задолжени познати диџеи и танчерки на ориентални танци.
За време на собирот сите учесници ќе можат да се зачленат во Здружението со што ќе добијат поволности во фирмите партнери на клубот.
Заинтересираните своето присуство можат да го најават на следниот е-маил: [email protected], а повеќе информации да најдат на официјалната страна на Alfa Romeo Club Macedonia.
Сите љубители на автомобилите и граѓаните се добредојдени, порачуваат од Клубот, кој е формиран пред околу една година и работи на промоција на Алфа Ромео автомобилите.