Алфи Би Компани со поддршка на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

11.11.2021 11:34 | Сузана Николиќ

Алфи Би Компани(Алфи Техноцентар) потпиша договор за соработка и поддршка на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој е финансиран од Европската унија, а е во реализација на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“.

Алфи Би Компани со поддршка на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

Проектот работи на подобрување на можностите за образование на децата со попреченост и придонесува кон развитокот на инклузивен потсистем на основно образование, кој е отворен за сите и обезбедува висококвалитетна настава и осмислени можности за учење на сите ученици со попреченост, и на тој начин ја зајакнува нивната социјална и образовна инклузија. Алфи Би Компани ќе помогне со изградба на инклузивно игралиште и опремување на сензорна соба во 2 основни училишта во Општина Куманово.

„Огромна чест ни е дека запознавме општествено одговорна компанија која навистина суштински вложува во подобрување на животот на лица со попреченост“, изјави Елена Мишиќ, тим лидер на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

Овие интервенции директно ќе влијаат на квалитетот на образованието, социјалните вештини, подобрување на моторичките и когнитивните вештини на сите ученици, а особено на учениците со попреченост од овие две училишта.

„Како и досега Алфи Би Компани продолжува да дава поддршка на проектите за инклузија на лицата со попреченост, со суштинско вклучување во нашето општество. Сметаме дека овој проект е многу значаен за инклузивност на лицата со попреченост и ние како општествено одговорна компанија ќе бидеме дел од овој проект, а планираме да учествуваме и во реализација на идни такви проекти коишто ќе придонесат животот на лицата со попреченост да биде полесен, поедноставен и поубав“ - изјави Филип Серафимовски, директор во Алфи Би Компани.

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk