×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Алфи го прослави четвртиот роденден

    11.11.2013 15:34 | KumanovoNews

     Компанијата Алфи слави четри години постење и успешна работа.

    Алфи го прослави четвртиот роденден

     По тој повод во Техноцентар Алфи денеска организираше роденденска прослава за своите клиенти и граѓаните.

    Точно пред 21 година Алфи Би Компани стартуваше на пазарот и започна со увоз на електро матријали и бела техника, и стана синоним за квалитетни производи на пазарот на потрошувачката индустрија. На денот на ослободувањето на нашиот град, во 2009 година свечено во употреба беше пуштен Техноцентар Алфи со понуда од над 35 илјади производи. Од наредната година Техноцентар Алфи настапува на пазарот со нов продажен простор во склоп на денешниот со нови 8.000 м2 и нови 30 вработувања - изјави Филип Серафимовски, директор на Алфи Техноцентар.

    По повод роденденот, клиентите на Техноцентар Алфи ги забавуваше познатиот кумановски рок бенд ЕПТЕН и за секоја сметка повисока од 290 денари верните потрушувачи добија гратис оброк подготвен од познатиот кумановски етно ресторан Баба Цана.

    Покрај големиот избор на производи и пониските цени од останатите, Техноцентар Алфи за своите најверни купувачи продолжува со пријатни изненадувања. Наскоро покрај техничката стока во Алфи ќе се продаваат и прехранбени производи.

    Конечно кумановчани ќе добијат ново место на пазарење каде што ќе имаат можност да купуваат квалитетни производи на едно место, од храна, пијалоци, бела техника, мебел и слично - додаде Серафимовски.