×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Алијанса на Албанците и Алтернатива ќе го поддржат Димитриевски во вториот изборен круг

    27.10.2021 20:01 | Сузана Николиќ

    Коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива ќе го поддржат независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски во вториот изборен круг. Договорот за соработка беше потпишан во изборниот штаб на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, при што Димитриевски потенцираше дека ова претставува почеток на една плодна политичка соработка.

    Алијанса на Албанците и Алтернатива ќе го поддржат Димитриевски во вториот изборен круг

    Договорот за соработка беше потпишан во изборниот штаб на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, при што Димитриевски потенцираше дека ова претставува почеток на една плодна политичка соработка.

    „Се работи за еден политички субјект и концепт којшто сака во иднина да делува исклучиво од граѓаните и за граѓаните. Ние ќе се водиме по принципот на унапредување на можностите и правата на сите граѓани. Куманово има простор за работа на сите полиња. Повеќе од јасно е дека на Куманово му недостасуваат многу проекти. Во идниот период, во нашето делување ќе се обидеме да решиме што поголем проблем на сите наши граѓани, а притоа не правејќи никаква разлика по етничка, верска или било каква друга припадност. Тоа е порака повеќе за оние граѓани кои не ни дадоа поддршка во првиот круг, да се обидеме да се здобиеме со нивната поддршка, бидејќи концептот „За наше Куманово“ е од кумановчани за кумановчани“, рече Димитриевски.

    Шефот на изборниот штаб од оваа иницијатива Даниел Стојчевски истакна дека поддршката секојдневно расте.

    Предходно Димитриевски доби поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ.