×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • “Аман“ ќе протестира по петти пат

    17.09.2012 09:37 | KumanovoNews

    Утре во 18 часот попладне, членовите на граѓанската иницијатива “Аман“ ќе протестираат на Градскиот плоштад.

    “Аман“ ќе протестира по петти пат

    Велат дека досега немале никакви притисоци од никого да прекинат со протестот, ниту пак слушнале дека ќе има контрапротести во Куманово.

    Ние сме против приватизација и докапитализација затоа што тоа ќе донесе поскапувања. Ние ги повикуваме граѓаните да не поддржат во барањата, да не се доприватизира ЕЛЕМ. Нашиот менталитет е таков, луѓето не излегуваат на протести. Еве стигнаа првите сметки, ќе стигнат и вторите и третите па ќе видиме - изјави Петар Чуриќ, член на “Аман“.

    Протестите против поскапувањата почнаа прво од Скопје, а потоа се проширија и во другите градови. Куманово заедно со уште неколку градови се приклучи кон овие протести со цел да се изрази незадоволството на граѓаните.