Aндријана Недељковски избрана за секретар на СДСМ Куманово
16.05.2022 11:56
| Сузана Николиќ
Извршниот одбор на првата седница за секретар на општинската организација на СДСМ Куманово ја избра Андријана Недељковски.

Таа е магистер по економски науки, а работи како раководител на Oдделение за утврдување и наплата на данок на промет, данок на наследство и подарок во Општина Куманово.
Недељковски е долгогодишен активен член на СДСМ, од 2005 година и тоа два мандати беше член на Извршен одбор на општинската организација, портпарол на општинската организација Куманово, и еден мандат член на ЦО на СДСМ.