Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Анета Шандева - Доневска, магистер по правни науки, е нова директорка на ЈП „Куманово план“.
„Најважно е да се продолжи со успешно и позитивно финансиско работење и остварување на целта за кое е формирано ова јавно претпријатие. Да обезбедиме рамномерен просторен и одржлив развој на општината, заштита и унапредување на животната средина и да создадеме услови за хумано живеење на нашите граѓани“, истакна новата директорка.
Шандева Доневска досега работела во приватниот сектор, но и во ЕСМ, ЕВН и АВРМ. Била член на Совет на Општина Куманово во еден мандат 2017-2021 година.
Активен и долгогодишен член е на ВМРО- ДПМНЕ ОК Куманово и претседател на Комисијата за локална самоуправа.
Таа доаѓа на местото на нејзината сопартијка Сања Јакимовиќ- Петковска, која беше директорка само 6 месеци, сега е унапредена на ново работно место во Царинската управа на Македонија.