„Анима Мунди“ и општините ќе ги згрижуваат бездомните животни
Здружението за заштита на животните “Анима Мунди“ почнува проект “Заедно за животните, заедно за граѓаните“ и ги повикува и општините да се вклучат во него.
Веруваме дека ќе наидеме на интерес за соработка од страна на општините, со што заеднички ќе придонесеме за заштитата на животните, дефинирање на правата и обврските на сопствениците на животни, конечно намалување на бројката бездомни животни – хумано, ефикасно и трајно, за доброто на сите граѓани - велат од „Анима Мунди“.
Заинтересираните општини можат да се пријават за соработка до 7 февруари, а проектот ќе се реализира со средства на УСАИД и Фондација Отворено општество Македонија.