×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Антикорупциска ќе го проверува имотот на градоначалници, судии и владини функционери

    30.12.2020 09:09 | KumanovoNews

     Антикорупциската комисија ја усвои програмата за проверка на имотната состојба и конфликт на интереси за 2021 година, според кој треба да бидат проверени градоначалници, судии и владини функционери.

    Антикорупциска ќе го проверува имотот на градоначалници, судии и владини функционери

    Во првиот квартал од следната година, според програмата, треба да се проверат 15 градоначалници и скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Како што кажа претседателката на Антикорупциска Билјана Ивановска, не можат сите градоначалници да бидат опфатени, па ќе направат селекција во зависност од средствата со кои располагале.

    Следни за проверка во вториот квартал, се предвидени судиите, а во третиот квартал ќе се прави проверка на владините функционери.