×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Апелација ја укина пресудата на Божиновски

    12.02.2015 11:54 | KumanovoNews

    Апелациониот суд од Скопје ја укина пресудата на Основниот суд Скопје I Скопје, со која Виктор Божиновски (36), раководител во секторот за правни работи во Општина Куманово, е осуден на 6 месеци затвор за сторено кривично дело посредување за примање награда за противзаконито влијание.

    Апелација ја укина пресудата на Божиновски

    На седницата одржана на 21 јануари, Судот ја прифатил жалбата на Божиновски и предметот го вратил на повторно судење пред првостепениот суд.

    Божиновски е осуден на 6 месеци затвор, откако беше уапсен на 26 септември лани, во угостителски објект кај спортската сала во Куманово, додека примал мито заради легализација на дивоградба.  Тој пред Судот го негираше обвинението и тврдеше дека станува збор за местенка. Во притвор помина 33 дена, по што беше пуштен да се брани од слобода.