Арачиновец пазарел со фалсификувани евра
03.03.2010 10:33
| KumanovoNews
Ќ.Ј.(33) од с.Арачиново се обидел во промет да пушти лажни пари. Пред две недели во продавница во с.Ваксинце, при купување на производи платил со фалсификувана банкнота од 50 евра, што претходно ја набавил од непознато лице.

Полицијата против него поднесе кривична пријава за фалсификување пари.