АРМ се вклучи во “Македонија без отпад“
Припадниците на механизираниот пешадиски баталјон во касарната “Боро Менков“ денеска се вклучија во националниот еколошки проект “Македонија без отпад 2013“.

Целта на кампањата е да се поттикне граѓанскиот активизам и да се развие свеста и навиките кај сите граѓани за правилно управување со отпадот. Со оваа кампања АРМ се вклучуваат во глобалната акција “Да го исчистиме светот 2013“ која е официјално поддржана од Европскиот парламент, а оваа година ќе се одвива во 107 земји. Таа е дел од проектот “Македонија без отпад 2013“ кој е одобрен од Владата и веќе втора година се реализира од Министерство за животна средина и просторно планирање - велат од АРМ.
АРМ активно се вклучува во еко активности со чистење на просторот во и околу касарната, како и засадување на садници за “Ден на дрвото“.