Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружението на армиски и полициски ветерани вчера одбележа 4 години постоење и спешна работа.
По тој повод била организирана мала свеченост. Здружението е формирано на 24 октомври 2009 година и брои нешто повеќе од 200 членови.
Ние имаме свој клуб “Христијан Карпош“ кој работи постојано и претставува катче каде армиските и полициските ветрани од активниот и резервниот состав можат да се дружат, да играат шах, домино. Вратите се отворени за сите граѓани и секако за нови членови - рече Киро Соларски, организационен секретар на здружението.
Членовите на Здружение на армиски и полициски ветерани организираат низа хуманитарни активности, шаховски турнири и склучуваат меморандуми за соработка со слични здруженија од соседна Србија и Бугарија.