Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Владата предводена од СДСМ ги слуша барањата на земјоделците и работи во интерес на развојот на земјоделството во државата, - изјави Саша Арсиќ од СДСМ Куманово, на денешната прес-конференција.
Тој потсети дека на почетокот на овој месец Собранието ги усвоило измените на Законот за тутун, со кој рокот за откуп на тутунот од оваа реколта се пролонгирал до 31. март.
„Со ваквата измена се задоволени барањата на тутунопроизводителите и се овозможи дополнителен период за откуп на вишокот на тутун. Владата на вчерашната седница повторно им излезе во пресрет на тутунопроизводителите со донесување на Одлука за одобрување на дополнителни финансиски средства“, кажа Арсиќ.
Направени се и измена во одлуката за минимумот на регистрирани презимени пчелни семејства, кои претходно изнесувале 35, а сега е 10. Ова значи дека сите пчелари кои имаат регистрирано минимум 10 презимени пчелни семејства, ќе имаат право да аплицираат за субвенции.
„Исто така на почетокот на месецот на сметките на 23.524 субјекти исплатени се над 512,5 милиони денари по основ субвенции и тоа: 411,5 милиони денари, директни плаќања по обработлива земјоделска површина за сите поледелски култури освен тутнот, 54,5 милиони денари на малите земјоделски стопнаства кои се дефинирани според историски плаќања за претходните три години и над 46 милиони денари за сите кои имаат заклани амортизирани несилки во регистриран кланичен капацитет. Исплатата на субвенциите се одвива тековно, согласно календарот за исплата“, додаде Арсиќ.
Владата го продолжи и рокот за ажурирање на податоците на земјоделските стопанства. Со измена на Уредбата, земјоделските стопанства ќе можат да ги ажурираат податоците до крајниот рок за аплицирање за субвенции, кој претходно беше заклучно до 15 март.
(С.Н.)