Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Улиците „1„ и „8„ во Черкеско село, во должина од 900 метри добија асфалт.
Сретствата во висина од 7 милиони денари ги обезбеди локалната самоуправа. Предходно на улиците е поиставена нова водоводна и канализациона мрежа.
Ова е уште еден доказ дека локалната самоуптава работи на решавање на проблемите на граѓаните во нашата населба. Деценискиот проблем е зад нас и сега ќе се посветиме на решавање на останатите проблеми во населбата.Овие улици ќе ги користат над 300 жители- рече Фадиљ Шабани претседател на месната заедница .
Градоначалникот Зоран Дамјановски, најави дека во населбата ќе се асфалтираат уште неколку улици со комплетна подземна инфраструктура, со што ќе се реши проблемот со отпадни води.
Во Черкеско село живеат околу 6 илјади жители.