Асфалтирани неколку улици во градот
Градоначалникот Зоран Дамјановски со своите соработници денеска изврши обиколка на неколку улици во градот, кои се опфатени со проектот за летно одржување и реконструирање.

Станува збор за улиците „Вардарска„ , „Трст„ , „Вараждинска„ и „Иво Милутиновиќ„ кои се целосно поправени и асфалтирани, за што се потрошени околу 7 милони денари.
Улиците „Вардарска„ и „Трст„ беа комплетно уништени, поради што беше потребно да се нанесе нов слој на асфалт и да се поправат ивичниците. Проектот чини два милиони денари, а улиците се во должина од 380 метри. На улицата „Вараждинска„ имавме проблем кој со децении ги мачи жителите, бидејќи по обилните дождови куќите им се поплавуваа. Поради тоа овде е поправена атмосверската канализација со поврзување на соседните улици. Инвестицијата е тешка 4 милиони денари, а улицата е во должина од 680 метри и 190 метри канализациона мрежа-вели градоначалникот Дамјановски.
На улицата „Иво Милутиновиќ„ постоел повеќегодишен проблем околу поставување на канализационата мрежа. Проблемот е надминат и улицата е целосно асфалтирана во должина од 180 метри, а проектот тежи околу 1 милион денари.
Градоначалникот најави дека утре ќе започне изградбата на спортска сала во основното училиште „Христијан Карпош„ во населбата Перо Чичо.