Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пред христијанскиот празник Задушница, комплетно се реконструирани патеките на Градските гробишта во Куманово. Поставен е 3,5 километри асфалт, а ќе следи осветлување на гробиштата и хортикултурно уредување.
Ова е значаен инфраструктурен простор, каде ги посетуваме вечните почивалишта на нашите најблиски, и затоа ова место заслужува да биде уредено како во секоja цивилизирана зедница.Ние успејавме и да ги прошириме Градските гробишта и купивме уште 2 хектари земјиште, кои во иднина ќе ги култивираме и уредиме за потребите на граѓаните во најтажните моменти од животот -рече градоначалникот Зоран Дамјановски, кој денеска беше во обиколка на гробиштата.
Прокетот чини околу 200 илјади евра,а сретства што ги обезбеди локалната самоуправа. Директорот на ЈП „Чистота и Зеленико, Сашо петрушевски најави дека ќе продолжат со доуредување и опременување на просторот околу патеките и спомениците.
До крајот на ова година ќе се поправи и постоечкото осветлување, а од наредната година целосно ќе се електрифицираат и новите гробишта- најави Петрушевски.