×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Асфалтирани улиците “Браќа Филиповиќ“ и “Драги Шутевски“

    07.11.2012 11:47 | KumanovoNews

    Денеска беа предадени во употреба ново асфалтираните улици “Браќа Филиповиќ“ и “Драги Шутевски“ над Зелен пазар.

    Асфалтирани улиците “Браќа Филиповиќ“ и “Драги Шутевски“

      Градоначалникот Зоран Дамајновски  се пофали дека се намалува бројот на улици со калдрма низ градот.

    Во склоп на агендата “Денови на Куманово“ полека, но сигурно ја остваруваме нашата развојна програма. Улицата “Браќа Филиповиќ“ беше со калдрма, и со асфалтатот ја задоволуваме потребата на граѓаните. Оваа улица е долга 160 метри, чини 1.500.000 денари. Изведувач е градежно претпријатие “Козјак“ од Куманово. Улицата “Драги Шутевски“ е долга 180 метри, со потесни димензии и чини 1.400.000 денари, а изведувач е “АГП“ од Свети Николе. Овие денови ќе пуштиме уште осум проекти - изјави Дамјановски.

    Тој рече дека до крајот на оваа градежна сезона ќе бидат завршени повеќето инфраструктурни проекти и додаде дека Куманово и понатаму ќе се гради и урбанизира.