Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Асфалтната база на „КООП Инженеринг“ продолжи со работа, откако ги отстрани недостатоците што беа посочени од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС).
Од Компанијата соопштуваат дека извршиле ремонтни активности и замена на филтрите на инсталцијата.
По извршените мерења на емисии во воздухот-концентрацијата на цврсти честички (прашина), од страна на акредитираната лабораторија, асфалтната база, исполнувајќи ги МКС стандардите, од 26.03.2012 година, продолжи со редовна работа“ соопштуваат од КООП Инженеринг Куманово.
Исто така, и од Инспекцијата информира дека асфалтната база „Кооп Инженеринг“, која пред две недели доби забрана за работа, вградила филтер и ги постигнала граничните вредности со што добила дозвола да продолжи со работа.
Државниот инспекторат за животна средина на 12 март побара од компанијата да постави вреќаст филтер на асфалтната база, со цел да се спречи прекомерното испуштање на отпадни гасови и прашина.