×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Авионско прскање против комарци во Куманово

    16.06.2023 14:00 | Сузана Николиќ

     Во среда /21.06.2023/ од 05.00 до 08.00 часот на територијата на општина Куманово ќе се изврши авионско прскање против возрасна форма на комарци. 

    Авионско прскање против комарци во Куманово

    Со прскањето ќе биде опфатена на површина од 1000 хектари: од кланица во Добрашане по течението на реката Кумановка па се до свињарска фарма во с.Речица. Течението на реките Којнарка и Липковка до пругата во с. Бедиње, населба Долно Којнаре, градот Куманово до заобиколниот пат кон населба Карпош до крајот на Менкова колиба, Бабин дол и на потегот до кланица во Добрашане“, соопшти Општина Куманово.

    Оттаму ги предупредуваат пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите. Доколку временските услови не го дозволат вршењето на третманот, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни.