×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Автомобил удри во две девојчиња на раскрсницата кај зеленото пазарче на „Октомвриска“

    28.05.2023 19:31 | Сузана Николиќ

    Две малолетни девојчиња се повредени  во сообраќајна несреќа синоќа на крстосницата од бул.“Октомвриска Револуција“, ул.“Иво Лола Рибар“ и ул.“Ѓорче Петров“, кај зеленото пазарче во Куманово.

    Автомобил удри во две девојчиња на раскрсницата кај зеленото пазарче на „Октомвриска“

    Според МВР сообраќајката се случила во 21.45 часот, кога патничко моторно возило “опел астра“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(23) од Куманово, удрило во две малолетнички од кумановско. Во несреќата со повреди се здобиле малолетничките, констатирани во Општата болница Куманово. 

    Од Итната медицинска помош Куманово, за Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК),  потврдиле дека синоќа во 21:50 часот интервенирале на раскрсницата на бул. Октомвриска револуција, (кај Чоче), откако со автомобил биле прегазени две малолетни лица. Тие се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени на понатамошно лекување во Општа болница во Скопје .

    Увид извршила екипа од СВР Куманово.