×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Автопатот Куманово - Крива Паланка чека концесионер

    02.04.2010 09:36 | KumanovoNews

     Концесијата за изградба на автопатот  Крива Паланка-Романовце, нема да биде доделена уште најмалку еден месец. Министерството за транспорт и врски, по трет пат да го пролонгира рокот за отпочнување на постапката, за доставување на барањата, за концесии, за изградба на сите магистрали од  Коридорот 8.

    Автопатот Куманово - Крива Паланка чека концесионер

     Наместо до 4 април,  како што  првично беше предвидено,  рокот за доставување понуди е пролонгиран за 30 дена и ќе трае заклучно со 4 мај 2010 година.

    Според соопштението  од Министерството за транспорт и врски, одлагањето  на рокот на огласот, е со цел да им излезе во пресрет на заинтересираните понудувачи, навреме и квалитетно да ја комплетираат потребната документација за добивање на патна концесија во државава.

    Министерството за транспорт и врски во средината на ноември 2009 година, објави јавен повик за прибирање понуди од заинтересирани компании или конзорциуми, за давање под концесија на два пакета веќе изградени, но и нови патни правци, по трасата на Коридор 8. И тоа, Источен, во должина од 177,5 километри и Западен со вкупно 196 километри. За источната концесија беа понудени патните правци: Крива Паланка-Романовце, Кочани-Штип, Миладиновци-Штип, Миладиновци-Скопје и обиколницата на Скопје, во вкупна вредност од 434 милиони евра, а за западната концесија: Стенковец-Блаце, Гостивар-Охрид- Ќафасан, Струга-Подмолје и Гостивар-Тетово-Скопје, во вредност од 558 милиони евра.

    Според јавниот повик идните концесионери ќе имаат обврска да ги изградат, доизградат и реконструираат предвидените патни правци за најмногу осум години, а потоа со нив да стопанисуваат 35 години, но и истовремено и да ги одржуваат и да наплатуваат патарина.