Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На спортското игралиште на ОСТУ “Наце Буѓони”- од Куманово, денеска се одржа баскет турнир, по повод одбележувањето на 11 Ноември- Денот на ослободување на Куманово, во рамки на манифестацијата “Ноемвриски денови 2021”.
На турнирот учествуваа ученици од општинските средни училишта, во машка и женска конкуренција.
Настанот е организиран од Општинскиот сојуз на спортови и Сојузот на училишен спорт.
Во рамките на програмата за одбележување на 77-годишнината од ослободувањето на Куманово предвидени се и други бројни културни и спортски настани.