Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Посетители од цела Македонија, вчера, рано в зори присуствуваа на молитвено бдеење во мегалитската опсерваторија „Кокино„, каде имаа можност да го видат митолошкото раѓање на животот и цикличната обнова на природата.
Според археолозите се работи за прастар молитвен обред кога сонцето се пробива низ тајните на камениот маркер и на светата планина го осветлува престолот со врховниот свештеник. Овој пагански ритуал се изведувал секоја година на истиот ден, кога во негова чест се жртвувале и животни.
Овие свети ритиали го претставувале светиот брак и спојот помеѓу мајката земја и божеството сонце за да имаат плодност и благодет- вели археологот Јовица Станковски од Кумановскиот музеј.
Бдеењето го организираше Општината Куманово, а посетителите имаа прилика да ја видат најстарата, примитивна техника на печење керамички садови, како и да слушаат поезија посветена на оваа свето место. Мегалитската орсерваторија „Кокино„ привлекува многу туристи од земјава и странство, но една деценија по откривањето, сеуште не е квалитетно решено инфраструктурното поврзување, ниту пак е уреден просторот околу опсерваторијата