×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бебето со туберкулоза не било занемарено од родителите, вели Тренчевска

    01.03.2023 17:27 | Сузана Николиќ

    Досега не се утврдени елементи на занемарување кај деветмесечното бебе со туберкулоза од Куманово хоспитализирано на Интензивна нега на Клиниката за детски болести, кажа денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

    Бебето со туберкулоза не било занемарено од родителите, вели Тренчевска

    Таа додаде дека ќе ги почекаат извештаите од стручниот тим од Центарот за социјална работа Куманово, кој навреме реагирал и направил увид во документацијата, дали семејството е примател на некакво право и дали се евидентирани кај нив.

    „Првично не се работи за занемарување на дете, туку за бебе кое што е родено предвреме и трето дете на мајката и нема никакви индиции дека се работи за некакво занемарување.  Вчера излегол стручниот тим од Центарот за социјални работи во Куманово, меѓутоа родителите не се најдени дома, по телефон се контактирани. Родителите со двете останати деца биле овде во Скопје да направат дополнителни анализи за да видат дали и тие имаат некакво заболување и е договорено денеска во текот на денот стручната служба да направи увид во домот на семејството за да видиме дали и каква се состојбата во домот и врз основа на тој наод ќе ги известиме медиумите за она што е од денес утврдено“, рече министерката.

    Деветмесечното бебе пред два дена е сместено на Детската клиника во Скопје, откако прво било донесено  во кумановската болница во тешка задравствена состојба. На бебето и мајката им е дијагностицирана туберкулоза, додека за таткото и за другите деца  нема резултати.