500x100-1
27. 01. 2020 15:34

Бензините поевтинуваат за половина, дизелот за еден денар

Бензините поевтинуваат за половина, дизелот за еден денар

 Регулаторната комисија за енергетика денес донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,8% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати.

Бензините поевтинуваат за половина денар, па така Еуросупер БС-95 ќе чини 67,5 ден./л., а Еуросупер БС-98 69,5 ден./л.

За еден денар поевтинуваат дизелот и екстра лесното масло за домаќинство. Дизелот од полноќ ќе се продава за 60 ден./л, а цената на екстра лесното масло за домаќинствата ќе изнесува 49 денари за литар.

За 1,49 денари поевтинува и малопродажната цена на мазутот кој од утре ќе чини 36,395 денари за килограм.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk