×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бензините поскапуваат за 1,5, а дизелот за 1 денар

    08.02.2021 13:15 | KumanovoNews

    Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,76%, односно за еден до 1,50 денар.

    Бензините поскапуваат за 1,5, а дизелот за 1 денар

    Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за по 1,50 денар за литар и ќе чинат 62,50 односно 64,50 денари. Со новите зголемени цени од 1 денар, Еуродизел (Д-Е V) ќе чини 53,00 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 42,00 денари.

    Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,448 денари по килограм и сега ќе изнесува 32,884 денари.