×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бензинот ќе поскапи, дизелот поевтин за половина денар

    07.11.2022 20:25 | Сузана Николиќ

    Од вечерва по полноќ бензинот од 95 октани ќе поскапи за 1,5 денари за литар, додека цената на бензинот од 98 октани ќе се зголеми за 2 денари. За половина денар по литар ќе се намали цената на дизел горивото. 

    Бензинот ќе поскапи, дизелот поевтин за половина денар

    Цената на нафтата за домаќинствата не се менува, додека пониска ќе биде цената на мазутот.

    Регулаторната комисија за енергетика наведува дека по полноќ, од 8.11.2022 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

    Моторен бензин      Еуросупер БС - 95       94,00 (денари/литар)
    Моторен бензин      Еуросупер БС - 98       96,50 (денари/литар)
    Дизел гориво           Еуродизел БС (Д-Е V)  98,50 (денари/литар)
    Масло за горење    Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  93,00 (денари/литар)
    Мазут М-1 НС                                                49,995 (денари/килограм