Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Регулаторната комисија за енергетика, одлучи од полноќ ќе поевтинат нафтените деривати - бензинот за 2 денари за литар, а дизелот и нафтата за домаќинствата за 3 денари. Ќе се намали и цената на мазутот.
Максималните цени на нафтените деривати по полноќ ќе изнесуваат:
Моторен бензин Еуросупер БС - 95 91,50 (денари/литар)
Моторен бензин Еуросупер БС - 98 94,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 93,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 88,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС - 47,622 (денари/килограм)
Од Регулаторната комисија велат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,887%, кај дизелот за 2,869%, кај екстра лесното за 2,857% и кај мазутот намалувањето е за 2,291%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,485%.