×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бесплатен паркинг за жителите на Центар бараат советници од коалицијата на СДСМ

    28.09.2023 12:31 | Сузана Николиќ

    Советниците на коалицијата на СДСМ побараа од Советот на Општина Куманово да донесе одлука за субвенционирање на паркинг услугата на жителите од месната заедница Центар.

    Бесплатен паркинг за жителите на Центар бараат советници од коалицијата на СДСМ

    Тие сметаат дека поради тоа што овие граѓани не го користат градски превоз како компензација треба да добијат бесплатен паркинг, а средствата да се обезбедат од општинскиот буџет.      

    „Мој предлог е покрај одлуката за субвенционирање на градскиот превоз да се изнајдат средства и за жителите на централното градско подрачје, односно резидентите кои живеат во зоната А да добијат бесплатен паркинг сервис. Тоа ќе му помогне на ЈП „Куманово-паркинг“, кое работи со загуба. И ќе изедначиме сите граѓани кои го полнат буџетот на Општината. Имате време да го разгледате предлогот во овие два месеци и од почетокот на наредната година да започне со примена. Не се работи за голема сума, од 1,5 до 3 милиони денари. Ако за 7.000 граѓани можеме да потрошиме 1 милион евра, тогаш 50 илјади евра нема да и претставуваат проблем за оваа намена“, кажа советникот Благојче Јаќимовиќ.

    Неговиот предлог го поддржа неговите коалициони колеги Александар Јовановски и Миле Андоновски, по што беше побараа на седницата да се донесе заклучот за овој предлог, но претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска кажа дека тоа мора да се разгледа како посебна точка, која советниците можат да ја предложат за наредната седница.