Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со бесплатен влез, НУ Музеј Куманово ќе го одбележи 8 Септември - Денот на независноста на Македонија.
Граѓаните ќе можат да ги посетат музејска поставка во Куманово, Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, Мегалитската опсерваторија во Кокино и куќа – музејот на Христијан Тодоровски – Карпош.
„Во четврток, по повод Денот на независноста на Македонија - 8 Септември, Националната Установа Музеј Куманово ќе ги отвори вратите за посетителите. Влезот ќе биде бесплатен, а посетителите ќе имаат можност, покрај постојаната музејска поставка, да ги посетат и Меморијалниот центар АСНОМ во с.Пелинце, Мегалитската опсерваторија Кокино и Куќа-Музеј на Христијан Тодоровски Карпош. Музејот ќе биде отворен од 08.30 до 16.30 часот“, изјави Мери Николиќ, директорка на НУ Музеј Куманово.
О.Пешевска