Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жителите на Куманово можат да добијат бесплатна правна помош во Подрачното одделение на Министерството за правда, како и во Националниот ромски центар (НРЦ) Куманово.
Проектот денеска беше промовиран пред граѓаните на Куманово, а целта е обичниот човек да ја искористи бесплатната правна помош. На информативниот штанд граѓаните можеа да се обратат до правниците за проблемите со кои се соочуваат.
„Целта е да се информираат граѓаните на Општина Куманово како може да го искористат системот за правна помош, како да дојдат до овие услуги и каде можат да се обратат. На ваквите настани граѓаните се навистина заинтересирани, бидејќи немаат доволно информации што опфаќа бесплатната правна помош, кои се условите да ја остварат ова правна помош, на кој начин и каде можат да се обратат за да ја добијат“, изјави Андријана Марковска, консултант на Совет на Европа.
Досегашното искуство покажува дека граѓаните се обраќаат за различни правни проблеми, од сите области-здравствена и социјална заштита, семејно насилство, бракоразводни постапки, имотно-правни односи, работни односи, права на лицата со попреченост, правата на децата итн. Услугата за бесплатна правна помош е воспоставена и уредена со донесување на законот во 2019 година. Се остварува како примарна, која нуди информирање, советување, упатување, како и помош при пополнување на одредени формулари и претставки. Секундарната се одобрува на лица кои имаат потреба од стручна правна помош од адвокат по конкретно прашање,а не е во можност да го плати правното застапување.
Вакви активности се спроведуваат на територијата на цела Македонија и се во рамките на проектот за консолидиран и поефикасен систем за правда кој го спроведува Советот на Европа во рамките на Европската Унија, а во соработка со Министерството за правда.